На последната седница, Советот на општина Центар, со едногласна одлука, ги верификуваше мандатите на членовите на првиот Локален лладински совет на општина Центар.
За општината е многу значајно што во Извршниот одбор на Младинскиот совет се застапени претставници на невладиниот сектор, волонтерски организации, студентски и средношколски организации, како и политички подмладоци.
Избраните членови на Локалниот младински совет се:
1. Горан Таневски (МОФ)
2. Ања Бебековска (ЏЕФ)
3. Горјан Славковски (Младите Можат)
4. Александар Стојаноски ( Црвен Крст)
5. Митко Сланинковски (Волонтерски Центар- Скопје)
6. Слободан Наскоски (Извиднички одред- Галеб)
7. Борјан Ефтимов (Студентски Пленум)
8. Теано Кардула (Средношколски Пленум)
9. Давид Данаилов (СДММ)
10. Снежана Томовска (СДММ)
11. Драган Димитров (УМС на ВМРО- ДПМНЕ)
Општината Центар и Младинскиот совет изразуваат благодарност до Мисијата на ОБСЕ во Скопје за досегашната поддршката за развојот на капацитетите за ЛМС на општина Центар, како и за спроведување на проектот “Поддршка на институции и структури за младински политики”.
