По два месеца бојкот, опозицијата вo недела се враќа во Собранието, потврди за „Плусинфо“ висок член на партиското раководство на СДСМ.
Истиот ден на итна собраниска седница ќе се изгласаат промени на Изборниот закон за одложување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и советници на општините. На опозицијата ќе ѝ се даде рок уште 5 дена, како би можеле да се подготват за учество на локалните избори на 24 март.
Во меѓувреме, ќе биде формирано и независно тело тело, поточно Анкетната комисија која ќе расправа за „црниот понеделник“. Комисијата ќе биде составена од двајца претставници на опозицијата и двајца од власта кои со консензус ќе треба да изберат независен експерт кој ќе биде претседател на комисијата. Ова тело во рок од два месеца ќе треба да поднесе извештај за одговорностите поврзани со случувањата на 24 декември лани.