Опожарено возило во Скопје

Од:

Утрово по три часот, било пријавено дека на улицата „Тале Христов“ на паркинг пред зграда било опожарено патничко моторно возило „опел антара“ со скопски регистерски таблици.

МВР соопшти дека возилото било во сопственост на триесет и шестгодишниот А.Р.од Скопје. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Се работи на целосно расчистување на случајот.