Опаѓа бројот на новозаразени со коронавирус во Индија, смртноста и натаму висока

Од:

Индија денеска регистрира нов пад на новозаразени случаи со коронавирус, иако дневниот биланс на смртност и натаму е над 4.000, а експертите предупредуваат дека бројките веројатно нема се веродостојни поради недостигот на тестирања во руралните области, каде што вирусот брзо се шири.

Со месеци наназад ниту еден дел од светот не е погоден од пандемијата како што е случајот со Индија, додека новата варијанта на вирусот што беше пронајдена токму во оваа земја го поттика зголемувањето на бројот на заразени, достигнувајќи до повеќе од 400.000 случаи на ден.

Дури и по намалувањето забележено во последните денови, експертите изјавуваат дека не е сигурно дека бројот на заразени го достигнал врвот, затоа што расте загриженоста во земјата и во странство поради новата, позаразна варијанта на вирусот Б.1.617.

-Се уште има делови од земјата што не доживеале врв и затоа бројките се уште растат, изјави главната научничка на Светската здравствена организација, Соуми Сваминатан.

Сваминатан посочи на загрижувачки високата национална стапка на уделот на позитивни, со околу 20 проценти од спроведените тестови, како знак дека може да се случи најлошото.

-Тестирањето во голем број на сојузни држави е се уште несоодветно. И кога ќе го видите уделот на позитивни во уделот на тестирани, очигледно е дека не тестираме доволно. Значи, крајните броеви не значат ништо кога се земаат сами за себе, и затоа тие треба да се толкуваат во рамките на контекстот за тоа колку тестирања се направени и колкав е процентот на позитивни, додаде Сваминатан.

Индиското Министерство за здравство денеска излезе со податокот за нови 281.386 заразени, што за првпат од 21 април е пад на бројките под 300.000 заразенио дневно. Во изминатото деноноќие во Индија умреле 4.106 лица.

Според сегашната траекторија, во следните неколку дена вкупниот број на заразени од епидемијата што ја погоди Индија може да надмине 25 милиони. Вкупниот број на евидентирани смртни случаи е 274.390.

Болниците и натаму се присилени да одбиваат прием на пациенти, додека мртовечниците и крематориумите не можат да се справат со наталожените тела. Фотографиите и телевизиските снимки од погребните церемонии на паркинзи и трупови на бреговите на Ганг предизвикаа незадоволство од управувањето на владата со кризата.

Би можело да ве интересира

Индија се отвори за странските туристи по 19 месеци

Во Индија за еден ден вакцинирани 10 милиони луѓе

Индија бара социјалните мрежи да ги отстранат содржините во кои се споменува „индиска варијанта“

Нов црн рекорд во Индија – 4.329 починати од Ковид-19 за 24 часа

Коронавирусот опасно им се заканува на руралните области во Индија

Нема крај на ужасот во Индија, 250 илјади починати од коронавирус

Катерина Ѓуровски