Оливера Трајковска за Ал Џезаира: Операција на губитници

Од:

Оливера Трајковска, автор на дебатно-политичкиот магазин „Вин-Вин“, кој се емитува на ТВ 24 ВЕСТИ, е една од многуте прислушкувани новинари, за што се уверивме во снимките кои неодамна ги објави на прес конференција, лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Одговарајќи на прашањето на новинарот Адмир Фазлагиќ, во врска со прислушкувањето на новинарите, Трајковска вели:

Преку телефон можете да бидете вулгарни како нашата министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, но за разлика од нејзините, од моите вулгарности никој нема да страда, освен што некое службено лице ќе знае со кои шифри ги опишувам луѓето.

На прашањето, како ќе се рефлектира сознанието за прислушкувањето на новинарите, Трајковска децидно одговара:

Едно е сигурно. Самиот чин на прислушкување на нашите приватни,дури и професионални разговори нема да им помогне во креирањето на јавните политики,секако, ова нема да допринесе ниту,да ние новинарите бидеме похрабри и подобри. Едноставно, професијата не може да почива само на тој гол мотив како ни е се јасно и како ние мораме да го одработиме нашиот дел од работата“.

Помеѓу останатото, Трајковска во интервјуто укажува на последиците од континуирано лошо владеење.

„Задоцнувањето во овој век има далеку повисока цена од истото задоцнување во некоја декада од средината на 20 век“, вели Трајковска.

Интервјуто со Оливера Трајковска можете целосно да го прочитате преку овој линк.