А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Околу шест милиони денари за НВО од буџетот на општина Македонска Каменица

by А1он19/12/2016 - 16:5699
Share0

Советниците од Општина Македонска Каменица распределија околу шест милиони денари за невладини организации и спортски клубови за реализација на проекти коишто ќе бидат од интерес за граѓаните.

Добивај вести на вибер

Градоначалникот Дарко Митевски истакна дека со овие средства се дава поттик за работа на граѓанските здруженија.

– Оваа година имаме најмногу средства за граѓанските здруженија и спортските клубови коишто придонесуваат за развој на спортот во Македонска Каменица и кои анимираат голем број на млади членови за да се занимаваат со спорт. Одобрени се и средства на риболовното и ловното друштво, на организации од областа на социјалата, пчеларското здружение, здружение од областа на екологијата. Мора да потенцирам дека е усвоена и програмата за 2017 година на КИЦ „Романса“. Поголем дел од средствата се наменети за тековна работа на овие организации и за реализација на нивните програми, истакна Митевски.

Фудбалскиот клуб Каменица–Саса која доби 1,6 милиони денари, а претседателот на клубот Тони Анастасов изјави дека средствата ќе помогнат во функционирањето на клубот во првите шест месеци од наредната година.

– Имаме амбиции за влез во Втора лига. Доколку се остварат нашите амбиции во јуни со ребалансот на буџетот очекуваме уште средства. Овие одобрени средства ќе ги покријат сите трошоци за тековното работење на ФК. Со младите категории и сениорите во ФК се опфатени околу 100 младинци и деца. Моментално се натпреваруваме во Трета лига и сме на трето место. Но,во 2017 ќе се прават две втори лиги, Исток и Запад и ние се бориме да бидеме на првите четири места за да имаме влез во Втората лига Исток, рече Анастасов.

Општина Македонска Каменица за 2017 има на располагање 218 милиони денари основен буџет, а вкупниот буџет е 337 милиони денари.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен