ОJO Свети Николе ќе ги истражува причините за несреќата помеѓу камион и автобус

Од:

Основното јавно обвинителство Свети Николе ќе ги истражува причините за сообраќајната несреќа која се случи вчера во 13.40 часот на магистралниот пат Велес – Штип, помеѓу автобус во сопственост на фирмата Кит Го од Штип управуван од возач од Велес и камион ТМВ влекач со полуприколка со регистарски ознаки од Скопје, управуван од жител на Скопје.

Во несреќата се лесно и тешко повредени 22 патници од автобусот. Возачот на камионот се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност е испратен од болницата во Велес во Скопските клиники.

Согласно дадените насоки од надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Свети Николе, увидните екипи од Министерството за внатрешни работи извршија обезбедување на траги од лице место. Дополнително ќе биде извршено и сообраќајно техничко вештачење. Издадена е и наредба за проверка на присуство на алкохол во крвта на двајцата возачи.​