Охриѓани од куќа одзеле пари и златни предмети во вредност од 676.500 денари

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(48) и Џ.Д.(69), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Тие, во периодот од 10.06.2022 до 10.07.2022 од куќа во Охрид одзеле пари и златни предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од 676.500 денари.