Охриѓанец ја оштетил рекламна табла со натпис „Цар Борис III“

Од:

На 12.10.2022 година во СВР Охрид извршен е службен разговор со Г.И.(47) од Охрид, при што е констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објект од здружение, лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.

Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консултација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување, имајќи предвид дека согласно член 243 став 3 гонењето за делото се презема по приватна тужба.