Околу 2.000 денари се одземени при кражба на црквата „Свети Атанасије“, во село Радиовце, тетовско.
Како што информираше МВР, кражбата се случила ноќеска, откако непознат сторител го скршил прозорец влегол внатре и од шкаф наменет за чување на дарови од верниците ги одзел парите, по што го напуштил местото на настанот.
Извршен бил увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.