Ограбен бутик во Скопје

Од:

На 26.02.2018 година во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот во бутик на ул. „Никола Вапцаров“ во Скопје непознат сторител извршил разбојништво.

Сторителот со закана со пиштол од вработената го одзел дневниот промет и побегнал во непознат правец. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.