Официјална Тирана: Партиите да одговорат на волјата на граѓаните

Од:

Официјална Тирана го поздравува дадениот глас „за“ на македонските граѓани „за подршка на договорот за името со Грција на вчерашниот консултативен референдум“.

Во соопштението на Министертвото за Европа и надворешни работи стои дека Албанија го поттикнува продолжувањето, без доцнење на понатамошниот легислативен процес во Собранието на Република Македонија за да се иницираат потребните уставни измени.

Тоа, исто така, со цел целосно да се спроведе Договорот постигнат во Преспа, како единствен пат за членство на земјата во НАТО и во ЕУ.

– Време е сите политички сили во Парламентот да одговрат на волјата на граѓаните и со широк консензус да ја искористат оваа историска можност за унапредување на евроатлантскиот пат на земјата, се наведува  во соопштението.

Албанските медиуми, без исклучок отстапија широк простор за референдумското изјаснување во текот на вчерашниот ден, како и денеска за резултатите од гласањето и изјавите на македонските функционери и политичари околу ова прашање.