Одржана завршна конференција на проектот Граѓанско учество за локална демократија

Од:

Денеска со почеток во 12 часот, во хотелот Холидеј ин во Скопје, се одржа конференцијата „Културни акции за унапредување на општините – Регрантисти во рамките на проектот ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА од ИПА 2 Програма за граѓанско општество и медиуми 2014-2015“, по повод завршувањето на проектот Граѓанско учество за локална демократија кој го спроведуваа Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД).

На настанот се обратија Никола Бертолини, Раководител за соработка од Делегацијата на Европска Унија, Роберт Алаѓозовски, Министер за култура, Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка на ФООМ и Георги Христов, претседател на ЦРЛД.

Воедно, преставници од партнерските општини Струмица, Струга и Скопје ги презентираа заклучоците за усвоените локални стратегии и акциски планови за култура и потенцираа дека веќе имаат испланирано буџет за поддршка на истите. Потоа претставници од регрантираните организации споделија впечатоци и податоци од разлизираните проекти кои се дел од акциските планови.

Проектот Граѓанско учество за локална демократија е поддржан од Европската унија а се спроведуваше од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Центарот за развој на локалната демократија во општините Струга, Струмица и Центар, во периодот јануари 2016 – јуни 2017 година.

Целта на проектот е да помогне во зајакнување на влијанието на граѓанското општество во развојот на јавните културни политики и донесувањето одлуки на локално ниво, како и создавање средина која ги охрабрува активностите на граѓанските организации за имплементација на локалните културни политики.

Во рамките на проектот, меѓудругото, беа подготвени и усвоени Стратегиите за култура во сите три општини и беа регрантирани 9 граѓански организации за јакнење на нивниот капацитет и поддршка на мали иновативни проекти од областа на културата во насока на спроведување на локалните стратегии.

Регрантирани беа следните проекти:

„Музеј Виа Кандавиа – Ливада”, дестинација за културен туризам во Струга”, Здружение за етнокултура „ВИА Кандавиа” – Стругa;
„Струга Креативен град”, Здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА – Струга;
„Етникумите заеднички се почитување на културните вредности”, Здружение за развој на меѓуетнички дијалог „Етнитети” – Струга;
„Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме!”,Организација на жени од Струмица;
„Интерактивна платформа на манифестации, настани, културни работници и организации/здруженија во доменот на културата”, Здружение Туристички сојуз – Струмица;
„Креативна акција за културна мобилизација”, Здружение за едукација и развој на лица со пречки во развојот Еднаквост за проектот – Струмица;
„24.doc”, Здружение на поддршка на деца и млади со различности СИНАТА ПТИЦА – Скопје;
„Прво па женско – фестивал за феминистичка култура”, ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје;
„Децата во центар (на вниманието)”, ЗГ Буден театар – Скопје.