На патниот правец Гостивар – Охрид, после Стража има одрони на карпи со што блокирана е една коловозна лента.
На терен нема екипи кои би работеле на расчистување и обезбедување на патот, а причината за одронот се обилните дождови кои ја зафатија Македонија и Балканот во текот на вчерашниот ден.

Сообраќајот не е блокиран, но на коловозот нема сигнализација која би ги предупредила возачите за одроните.
Кристијан Ландов
