Рочиштето за случајот „Тортура“ денеска повторно беше одложено поради болест на обвинетиот Филип Атанасов, за кој одбраната достави писмена лекарска потврда.
На рочиштето присуствуваше оштетениот Љубе Бошкоски, првообвинетиот Сашо Мијалков како и обвинетите Новица Станковски, Петар Милошевски и Јован Гоцевски.
Расправата е одложена за 9 јули. Минатото рочиште беше одложено поради болест на обвинетиот Новица Станковски.
Инаку, обвинетите во овој случај се гонат од страна на Специјалното јавно обвинителство за извршена тортутра при приведувањето на лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Судијката пред обвинетите и оштетениот изјави дека ова е последно одложување на рочиштето и доколку се случи следен пат ќе има раздвојување на постапките.
Виктор Јованов
