А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Одбележување на Светскиот ден на храната и борба против гладта

by А1он14/10/2017 - 09:18271
Share0

Заменик директорот на Агенција за храна и ветеринарство Фирус Мемед денеска ќе присуствува на промотивниот настан за одбележување на меѓународните денови – Светскиот ден на храната 16 Октомври и 17 Октомври – Меѓународен ден за борба против гладта.

Следете a1on на Instagram Instagram

На настанот го организира Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачите на Македонија и Црвениот Крст, а ќе се одржи во Веро Центарот (Џамбо)

На настанот Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрошувачи на Македонија ќе ја промовираат и новата брошура за информирање на потрошувачите „Информации поврзани со храната“, подготвена во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите.

Промотивниот настан има и хуманитарен карактер и во негови рамки, во специјално одредените пунктови од страна на Црвениот Крст, граѓаните ќе можат да донираат храна.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со свои штандови покрај Агенцијата за храна и ветеринарство, Организацијата на потрошувачи на Македонија и Црвениот Крст ќе се претстават и компании од прехранбената индустрија, чии производи ќе можат да ги дегустираат граѓаните. Децата на тема здрава храна ќе имаат можност да творат во детското ликовно катче.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто