Од утре забрането движење за камиони на патот Гостивар-Охрид

Од:

Од утре до крајот на август ќе биде забрането движење на тешки товарни возила на патот Гостивар-Охрид во двата правци.

Како што информираат од АМСМ, тешките товарни возила, со над 7,5 тона вкупна маса нема да смеат да се движат секој петок во интервалите од 17 до 24 часот и секоја сабота и недела од 7 до 24 часот.

– Овој посебен режим на сообраќај ќе се воведе летово за да се избегне застој на патот кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, да се намали застојот на пунктовите за наплата на патарина и за да има побрз проток на возилата и непречено движење на туристите, велат од АМСМ.

За регулирање на сообраќајот и воспоставување на забраната соодветни сообраќајни табли ќе бидат поставени долж целата делница од Скопје до Охрид во двете насоки и тоа на секој излез од градовите, како и на приклучоците со други патишта.