Од угостителски објекти во Тетово и Гостивар приведени 33 танчерки

Од:

Полицијата приведе триесет и три танчерки по контрола во пет угостителски објекти, од кои двa на подрачјето на Тетово и три на подрачјето на Гостивар.

Акцијата се спровела вчера од 22 до 04 часот, од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, а на терен биле затекнати девет странски државјанки (Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина) и 24 државјанки на Р.Македонија, кои работеле како танчерки.

Танчерките биле приведени и задржани во полициска станица за поматамошна постапка.