А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Од април нема да носиме хартиени упати кај специјалист

by А1он19/02/2013 - 15:54100
Share0

Национален електронски систем за закажување пациенти и интервенции во здравствениот систем во Македонија, денеска презентираше министерот за здравство Никола Тодоров. Станува збор за многу напреден систем, еден од ретките во поширокиот регион кој нуди сеопфатна можност за закажување од примарно до терцијарно ниво на здравствена заштита.

Добивај вести на вибер

– Секој пациент кога оди на матичен лекар, тој треба да го прегледа. Ако оцени дека треба да се заврши целата процедура, може да ја утврди дијагнозата и да му препише терапија, но ако оцени дека има определени проблеми за кои треба да биде консултиран специјалист по определена област, тој во овој систем тоа го прави. Матичниот лекар во електронскиот систем на закажување му закажува термин на пациентот во точно определен датум, час кај специјалист во здравствена установа на секуднарно ниво, истакна Тодоров.

Специјалистот, посочи тој, доколку ја утврди дијагнозата и му даде терапија, тогаш се завршува процесот, а ако утврди дека треба да го препрати на некоја примарна дијагностичка процедура, како што е компјутерска томографија, магнетна резонанца, ехо итн., тоа го прави во системот на закажување.

– Може да го препрати на терцијарно ниво, а таму докторот може да ја утврди дијагнозата, да му даде терапија или може да му закаже хирушна интервенција во системот. Сите податоци остануваат трајно во системот и првпат се дава можност за многу сериозно разработување на здравствената статистика во Македонија. Овој систем mojtermin.mk почна само со електронски листи на чекање. Ова е многу покомплексен систем кој претставува интегриран здравствен информатички систем, рече Тодоров.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен