Од 2013 до 2017 година бројот на средношколци намален за 15 илјади

Од:

Бројот на ученици во средното образование се намалил за 15 илјади во периодот од 2013 до 2017 година, покажуваат податоците на Институтот стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ).

– Она што прво паѓа во очи е дека во 2013 година во сите години – прва, втора, трета и четврта во средното образование, имало 85 илјади ученици, а во 2017 година 70 илјади. Тоа значи дека бројот на ученици е намален за 15 илјади за само четири години, рече Дарко Спасевски од ИСИЕ.