Обвинителството бара 5 години затвор за Заев за поткуп

Од:

Лидерот на опозицијата доби уште едно обвинение од обвинителството за организиран криминал.

Скопскиот кривичен суд денеска за Телма потврди дека против Зоран Заев е поднесено обвинение за дело примање поткуп затоа што од струмичанец наводно побарал 200 илјади евра за да заврши процес на приватизација на државно земјиште.

Заев митото го побарал во функција на градоначалник на Струмица, соопшти МВР на својата прес конференција која ја одржа во доцните вечерни часови на 10 мај додека во Универзалната сала Заев и опозицијата ја презентираа 8-мата бомба со телефонски разговори на кои се слушаат наводни злоупоитреби на власта.

Од скопскиот суд велат дека обвинителниот акт е распореден кај надлежен судија кој треба да даде оценка за него, и дека актот е испратен до странките за да им се овозможи да поднесат приговори. Судот соопшти дека обвинението е поднесено за примање поткуп според член 357 став 5 од кривичниот законик.