Демонстрантите од Шарената револуција повторно со рачен катапулт удрија по ѕидовите на Собранието.
Овојпат, тие погодија со многу повеќе боја од претходниот обид во саботата, кога за прв пат го употребија катапултот.
Демонстрантите со розева боја на булеварот пред Собранието напишаа „Не можете да ја избришете Шарената револуција“.
Пред Собранието и денеска имаше камера на МВР, која ги снимаше демонстрантите кои фрлаа боја кон зградата.