Објавен тендер за реконструкција на крак од улицата „Христо Татарчев“

Од:

Општина Кисела Вода распиша тендер за реконструкција на кракот 6 на улицата “Христо Татарчев”, соопштуваат од Општината.

Во соопштението појаснуваат дека по целата должина на улицата ќе се постави нов асфалтен слој и ќе биде извршено нивелирање на шахтите. Од кракот 6 се издвојуваат два пристапа до индивидуални објекти, кои исто така ќе претрпат реконструкција.

Градежнитe работи ќе се изведуваат во должина од 125 метри.