Објавен јавен повик за 35 волонтери за средување на зелените површини во Кавадарци

Од:

Општина Кавадарци бара волонтери за чисто и убаво Кавадарци и објави јавен повик на кој можат да се пријават сите заинтересирани млади лица на возраст над 15 години, за активности по проектот „За чисто и убаво Кавадарци“.

-Ќе бидат ангажирани 35 лица – волонтери кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и позелен град и тоа оплеменување на зеленилото, засадување нови садници, подигање на нови зелени површини, средување на постојните зелени површини, одржување на селските патишта и фудбалски игралишта, како и чистење и одржување на хигиената на повеќе локации. Ќе се работи на просторот на поранешна дискотека „Ла Луна“, градскиот парк, месноста Моклиште, околината покрај новиот суд, главните влезови на градот и околината на споменикот на 12 другари, појаснуваат од Службата за односи со јавноста при општината.

Волонтерската работа ќе се извршува до 30 март следната година, а за неа ќе се склучуваат договори со волонтерите.

Заинтересираните лица потребно е да достават пријава до општината по што ќе бидат повикани за извршување на волонтерската работа.