Македонското еколошко друштво во соработка со Еуронатур од Германија го објави фото конкурсот на тема „Балкански зелен појас”.
Во Македонија Зелениот појас ги опфаќа трите државни граници со Бугарија, Грција и Албанија.
Конкурсот има три различни категории: „Млади под 18 години“, „Аматери“ и „Професионални фотографи“. Секоја фотографија треба да ги содржи следните информации: име и презиме на фотографот, локација на фотографијата, дата и во која категорија се натпреварувате. Едно лице може да поднесе најмногу 3 фотографии. Учеството опфаќа дигитални фотографии во боја, испратени преку е – маил (не принт, црно-бели фотографии или панорама формати). Фотографиите се испраќаат на [email protected] до 15 јули 2017 година.
За првите места во сите категории се предвидени награди. За категорија млади-бежичен звучник, за категорија аматери-сталак за фотоапарат и ранец за опрема и за категорија професионални фотографи-вредносен ваучер. Наградените фотографии ќе бидат објавени во септември 2017 на веб страната на Македонското еколошко друштво, www.mes.org.mk.