Новинарот Сами Адеми се прости од убиениот син Леарт

Од:

Деветнаесетгодишното момче кое беше прободено во неделата вечерта е син на доглгогодишен спортски новинар во МРТВ, Сами Адеми.

На својот Facebook профил тој објави дека неговиот син бил прободен со нож во срцето. Од полицијата официјално сé уште не соопштуваат како се случил инцидентот, и како и од кого бил прободен девентаесетгодишниот Леарт Адеми.

Медиумите пишуваат дека момчето било прободено по банална расправија во скопската населба Чаир.

Инцидентот го пријавиле во полиција од Градската општа болница „Наум Охридски“ каде што било донесено тешко повреденото дете. Таму го однел неговиот другар, кој исто така бил нападнат, но се здобил со полесни повреди.

Момчето по еден час во болницата им подлегнало на повредите. Од МВР соопштија дека имаат приведено лице, со кое се вршат разговори и се утврдува дали е вмешано во убиството.