Нов заменик уредник во „Вест“ е Јасмина Миронски, Димишкова помошник на Петрески

Од:

Во весникот „Вест“, од денеска, нов заменик-уредник е Јасмина Миронски, која предаваше во Високата школа за новинарство, а нов помошник на Горан Петрески е претседателката на МАН, Слаѓана Димишкова. Реадакцијата се засилува дополнително и со уште две нови уреднички.

Со новото кадровско „освежување“Димишкова ќе му биде претпоставена на Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Горан Петрески, поранешен новинар во А1, од позицијата-уредник на Информативната програма на МТВ, дојде на челната позиција во „Вест“, откако му престана и не му беше продолжен договорот на Горан Михајловски.