Нови прислушувани разговори се објавени на интернет

Од:

4 телефонски разговори, пред неколку часа се објавени на мрежата „Vk.com“ под хаштагот „Чичо“ и „Македонија“, од извесен корисник „Илија громовник“.

Во првиот разговор се слуша гласот за кој што пишува дека е на порнаешниот претседател Бранко Црвенковски како разговара со соговорничка за извесен „Дамјан на Рада“. Насловот на аудиото е „Црвенковски ги објаснува ГРЧКИТЕ фирми на Манчевски“.

Во друг разговор се слушаат гласовите, за кои што пишува дека се на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски и политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу, како разговараат за процесот за лустрација.

Третиот разговор носи наслов „Кочо и Саше проблем за ЕЛЕМ и државата“.

Во последниот објавен разговор се слушаат, како што пишува, гласовите на сегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска како се координираат како да настапат пред медиумите.

Специјалното јавно обвинителство апелираше сите граѓани кои имаат какви било информации за постоење прислушувани материјали, да му ги предадат на Обвинителството.