Нова средба на албанските партии за законот за употреба на албанскиот јазик

Од:

Албанските партии денеска одржаа уште една средба во Собранието. Целта, како што изјави Гзим Острени од Унитети, било прашањето за законот за употреба на албанскиот јазик. Острени изјави дека очекуваат што побрзо да помине на седница на Влада и да влезе во собраниска процедура.

Како што веќе е познато во јавноста, се чека законот да добие препорака и од Венециската комисија.
Следната средба на албанските партии се договориле да ја свика лидерот на ДПА, Мендух Тачи.