Нова „бомба“ за Заев, зборува за предмети на СЈО

Од:

Нова аудио бомба беше објавена на Јутјуб за лидерот на СДСМ Зоран Заев. На снимката се слуша како тој зборува за Специјалното обвинителство, нивните предмети и истраги, дел од нова аудио „бомба“. Во две минути и 11 секунди само тој зборува за законот за обвинителство, активните обвиненија на СЈО, но и за истрагите „Талир 2“ за изградбата на седиштето на ВМРО – ДПМНЕ и „Попис“ каде осомничен е лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Паѓа „Талир 2“, паѓа „Поштенска банка“, паѓаат еден куп предмети, паѓа на Али Ахмети „Попис“ и готово целиот ризик е тој“, вели тој.

Заев објаснува дека со новиот Закон за обвинителство кој стапи во сила пред 11 дена, остануваат живи само 18 – те предмети за кои СЈО успеа да поднесе обвинение. За истрагите меѓу кои има осомничени функционери на ДУИ, прислушуваните разговори нема да бидат доказ.

„Тоа е и за ДУИ важно и тоа е едно од решенијата што ги имаме. Со самиот закон се затвораат. Се што е после 30 – ти, остануваат живи 18 – те предмети“, вели тој.

За снимката реагираше СДСМ. Од партијата велат дека со снимката се потврдува дека Заев се борел Законот за обвинителство да добие поддршка.

„СДСМ, претседателот Заев постојано се бореа за обезбедување на двотретитинско мнозинство Собранието со што денес, предметите на СЈО продолжуваат иако тоа веќе не постои“, велат од СДСМ.