Нормализиран сообраќајот на патот Делчево-Македонска Каменица

Од:

Сообраќајот на патниот правец А3 Делчево – Македонска Каменица е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти, откако е расчистен одронот кај местото викано Бориште, соопшти диспечерскиот центар на ЈП „Макеоднија пат“.

Поради одронот, од денеска напладне сообраќајот се одвиваше наизменично по една коловозна лента во должина од 100 – 150 метри за сите видови на возила.