УНЕСКО го повика македонскиот народ и лидерите да останат присебни и во текот на протестите по секоја цена да ги сочуваат античките градби во Скопје.
Од УНЕСКО порачуваат дека во македонската престолнина се наоѓаат древни антички објекти, од кои некои датираат дури од 2008 година од новата ера и дека се работи за наследство на целата планета, а не само на Македонија, пишува сакрастичниот блог Нјуз кој се подбива со “антиквизацијата во Македонија“.
-Спомениците и градбите сведочат за времето во кое настааа, па така Портата Македонија, Филип Втори, Винстон Черчил, Абрахам Линколн, Александар Македонски или Џорџ вашингтон сведочат за состојбата на свест на македонските владетели во тоа одамнешно време од 2008 во 2014 година, велат од УНЕСКО.
Иако сите градби и скулптури се направени од квалитетен камен од античките каменоломи и не е лесно да се оштетат, граѓаните на Македонија како што наведува УНЕСКО, сепак би требало да ги удираат или да се потпираат на нив.
-Овие објекти се доказ дека Македонците се антички народ и што повеќе има споменици, тие се поантички. Затоа демонстрантите мораат да внимаваат на спомениците бидејќи секое намалување на нивниот број ќе ја намали и античноста на оваа горда нација, заклучи УНЕСКО, се подбива блогот Нјуз.