Нивото на реката Сатеска кај Ботун е речиси за три пати пониско од јануарскиот просек, додека двојно е намалена и Црна Река кај Новаци, покажуваат последните хидролошки мерења.
Според УХМР, пониски се и водостоите на Вардар кај Јегуновце, Скопје и Велес, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.
Зголемување има на водостојот на Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бња и Црн Дрим кај Ложани.
Нивоата на природните езера се во рамките на јануарскиот просек.
