Николова: Со последното зголемување, СДСМ за пет години ги зголеми платите во образованието за 36 отсто

Од:

Од овој месец, платата на околу 32.500 вработени во основното и средното образование ќе добијат плата повисока за 15 отсто. Тоа е зголемување во просек од околу 3.000 денари по вработен. Од тие 32.500 лица, околу 25.000 се наставници рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

– Од преземањето на власта од страна на СДСМ, платите во образованието за четири години пораснаа за 21 отсто.Со последното зголемување, за само пет години платите во овој сектор се зголемуваат за 36 отсто, односно за една третина повеќе во однос на 2017 година. Покрај во човечкиот фактор, сериозно вложуваме во подобрување на условите за работа на наставниот кадар. Досега, реконструирани и изградени над 80 основни и средни училишта вели Николовса.