(ВИДЕО) Попоски: Не е време за чочеци по тунели и прослави, Македонија стана полуматурант како кандидат за ЕУ

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Никола Попоски денеска во Собранието порача Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот и самите да направиме скриниг на институциите.

„Скриниг значи дијагноза и требаше да почне уште во 2005-та година. Ако се родеше дете тогаш, ова дете ќе беше полуматурант, да му помогнеме да си ја смени матрицата. Имаме голема одговорност да не заглави матурантот уште повеќе. Нема причини за концерти и славење. Попоски рече дека не е време за чочеци по тунели и прослави. Мораме да согледаме дека овие луѓе тука се малцинство, а во ЕУ мнозинството се неутрално негативни. Британците имаат верба во демократијата која ние ја немаме. Власта презентира слика на обединетост, а всушност прават што сакаат“, рече Попоски.

Тој додаде дека истиот ден кога еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан ќе си замине, во Македонија ќе се одржи седница со кршење на деловникот и законите.

„Нас ни треба промена на матрицата. Главен аргумент на власта е дека и претходните правеле така. Тоа треба да заврши. Одговорност носат и власта и опозицијата. Опозицијата трба да понуди решение не само да седи. Шест месеци треба самите да си направиме скриниг за капацитетот на нашите инстутуции. Заедно да седнат власта и опозицијата и да го сменат менталитетот“, порача екс-министерот.