Никола Митровски – Кољо, обвинет за „крвавиот четврток“ од вечерва е во притвор

Од:

Никола Митровски Кољо, кој им беше недостапен на органите на прогонот, од вечерва е во затворот во Шуто Оризари, дознава „Макфакс“.

Неофицијално тој самиот се пријавил, откако претходно во отсуство му беше определен притвор. МВР него го бараше со потерница, зааедно си уште тројца обвинети за минатогодишните настани во „Собранието“. Неговото име во медиумите се споменуваше како едно од лицата кое им овозможило да избегаат на Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

В.М.