Неофицијално: Уапсени неколку десетици демонстранти по инцидентите во Скопје

Од:

Откако ескалираа протестите против промена на името пред Собранието на Република Македонија, полицијата, според непотврдени информации, уапси неколку десетици од демонстрантите.

Протестите ескалираа откако дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и фрлаа со шишиња и факели кон полицијата.

Полицијата интервенираше со шок-бомби и солзавец и ги растера демонстрантите од пред Собранието, по што спровеле акција и уапсиле неколку десетици демонстранти, според неофицијални информации.

Фото: Скриншат/Радио Слободна Европа