Немало пожар во Воена болница, само чад од оџак

Од:

Чадот што бил виден вчера во во Воената болница е од издувниот оџак и од котлите што ја снабдуваат болницата со техничка пареа

Општата градска болница „Осми септември“ демантира дека имало пожар во поранешната Воена болница.

„По разговорот со Противпожарната бригада од Скопје и со дежурниот противпожарен офицер, информирани сме дека немало никаква интервенција во ГОБ „8 Септември“ – Скопје. Димот што бил виден е од издувниот оџак и од котлите што ја снабдуваат болницата со техничка пареа“, се наведува во демантотна болницата.

Порталот „Курир“ вечерва објави информации дека горните катови од Воената болница ги зафатил пожар и дека нема повредени, а објавил и фотографии од чад што се издига над болницата. Веста ја пренесоа неколку портали. Подоцна „Курир“ ја повлече веста за пожарот.