Мнозинството советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ уште пред расправата на точката која се случуваше вчера доцна попладне најавија дека нема да ја поддржат иницијативата на Сојузот за иднината, студентите да се возат бесплатно во градски автобус.
Според нив главната причина заради која ќе гласаат против е што иницијативата требало да се упати до Министерството за образование, а не до Град Скопје, пренесе порталот Скопје инфо.
Според советниците од владејачката коалиција, од воведувањето бесплатен превоз на студентите во Скопје нема да имаат бенефит студентите од дисперзираните студии, а станува збор за категорија на граѓани кои се работоспособни.