• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

„Не знаев дали полицијата не носи да не убие или да не спаси“, сведочи Шилегов

by А1он06/09/2018 - 19:3107/09/2018 - 08:55145
Share0

Откако конечно полицијата влезе во прес центарот на Собранието не знам дали не вадат од салата за да не спасат или не носат да не убијат затоа што исто униформирани полицајци како нив претходно ја пропушташе толпата да влезе, рече Шилегов на денешното рочиште за насилниот упад во Собранието на РМ минатата година.

Добивај вести на вибер

– Не однесоа во канцеларијата на Ѓорчев, фала богу не не утепаа, рече Шилегов.

Според него најповреден бил еден од припадниците на личното обезбедување на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, чија глава била дупната со метален предмет.

– Аце е вистински професионалец, се држеше на нозе се додека не беше сигурен дека сме безбедни. Откако влеговме кај Ѓорчев тој колабираше, рече Шилегов.

Оттаму пратениците од мнозинството биле однесени во касарната во Ѓорче.

– Таму беа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ никој од нив не ме праша како сум, ниту пак вода ми понудија,а денеска здраво ми прават, вели Шилегов.

Тој смета дека 27 април е кулминација на однапред смислен проект бидејќи претходно им се протестирало пред домовите, им биле палени и каменувани автомобилите и јавно се повикувало на линч.

Виктор Јованов

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен