Поранешниот градоначалникот Александар Петеревски, во инцидентот кој денеска се случил во Охрид, добил вазна во глава, пренесе Сител.
Денеска околу 14 часот во просториите на агенцијата за надвижности, „Трилиум“ лоцирана на булеварот „Туристичка“ во Охрид биле три лица меѓу кои и екс охридскиот градоначлник.
Во еден момент по кратка расправија избила тепачка меѓу Петрески и 55 годишниот М.Ч. од Струга од една страна 51 годишниот О.С. од Охрид од друга.
Во еден момент О.С. го удрил Александар Петрески со вазна во пределот на главата. Потоа се обидел да извади пиштол но Петрески и неговиот пријател М.Ч. успеале да го спречат во тоа и да му го одземат пиштолот. Во тој момент О.С. се дал во бегство а случајот бил пријавен во полиција.