Роберто Беличанец е нападнат од група на една политичка партија, додека се обидувал да го оствари своето гласачко право во Центар, кај училиштето Блаже Коневски.
Нападнат е и репортерот на Фокус, кој се обидел да го сними инцидентот.
Беличанец за ова сакал да ја извести јавноста, па повикал и медиуми.
Полицијата , почнала да ги легитимира претставниците на медиумите, и се се прави во обид, оној што е нападнат, во случајов, Роберто Беличанец, доколку е можно да се претстави како виновник.
Беличанец објаснува дека сакал да документира како партиски активисти надвор од училишниот двор ги прашуваат граѓаните кои излегувале од дворот на училиштето дали гласале и за кого.
„Наеднаш кон нас се затрча поголема група луѓе, ни се закануваа дека ќе настрадаме, ни го тресеа возилото, бараа да ги избришеме фотографиите. Лудило. Иако немав намера ништо да направам со снимката и со фотографиите, после сето ова, јавно ќе ги објавам, а ќе побарам од МОСТ да дојде екипа и да го проверат случајот “, вели Беличанец.