Пред два дена бил физички нападнат кандидатот на ДУИ за градоначалник на Струга, Арбен Лабуништа, од страна на двајца кандидати за советници, објави порталот Шќипмедиа, повикувајќи се на извори од партијата на власт.
Според сознанијата на порталот, советник на ДУИ во Струга, кој сакал пак да биде кандидиран, не му било овозможено од страна на раководството на ДУИ.
Револтиран од ова, и од недоразбирањата со Арбен Лабуништа, подржан од огранокот на ДУИ во Струга, почнал и пожестока расправија која прераснала во тепачка.
Во огранокот на ДУИ во Струга и околината се зголемило незадоволството и поради договорот со Партијата за Европска Иднина на Фиjат Цановски.