Наместо парите што ги донирале преку порака, да бидат наменети за девојче на кое му било потребно операција, парите биле наменети за изградвба на црквата Светите Константин и Елена- објави телевизијата Алфа.
Несовесно однесување или смислена манипулација е злоупотребата на стариот апел за помош кој ја разбранува јавноста преку социјалните мрежи.
Бројот 070 143 143 е наменет за донации за црквата, но утрината непознат корисник на ФБ испратил текст дека на истиот број итно се донира за извесно девојче за операција на мозокот, кое инаку веќе е оперирано.
Хуманите луѓе кои испратиле порака на бројот биле запрепастени кога добиле поврадна порака во која се изразува благодарност за донацијата со која се помага изградбата на црквата Св. Константин и Елена во Скопје.
Од Кабинетот на поглаварот на МПЦ, Г.Г.Стефан за Алфа тврдат дека не стојат зад измамата и дека немаат намера црквата да ја градат со такви пари – сметаат дека е извршена злоупотреба на бројот, но не знаат од кого. Многумина во текот на денот го отстрануваа повикот за операција со предупредување до корисниците на социјалните мрежи дека бројот не е наменет за девојчето, туку за новата црква на скопската улица „Македонија“. Инаку телефонскиот број пред две години се користел за донации за извесно девојче Сара, но потоа, согласно правилата, бројот се пренаменил за црквата. Засегнатите не го пријавиле случајот во полиција.