Кочо Андоновски, претседател на МАССО (Македонска асоцијација за слобода на сексуалната ориентација) и Марко Ковачевски се физички нападнати пред почетокот на Маршот на толеранцијата, кој денеска се одржа по повод Меѓународниот ден на толеранцијата.
Андоновски и Ковачевски се нападнати од лица кои се противеле на организирање на ваква манифестиција и тоа во моментот кога лепеле плакати. Ковачевски се здобил со контузии, а Андоновски со полесни телесни повреди.
Маршот требаше да заврши на плоштадот Македонија, каде што Младинскиот образовен форум ќе организира диско за толеранција „Играј и толерирај“.
„Идејата на ова диско е да ја испратиме нашата порака и желба за надминување на дискриминацијата во нашето општество и промовирање почит кон различните/различното од нас. Диското опфаќа танцување на музика која се слуша на слушалки (се забавувате, а не ги вознемирувате соседите) и следење на инструкциите кои ве водат низ забавата“, велат од од Хелсиншкиот комитет за човекови права од Скопје.
Полицијата приведе неколкумина од напаѓачите кои се обиделе да побегнат.