Пратениците ќе добиваат помал надоместок за патни трошоци, денес беа изгласани измените на Законот за пратеници. Со 79 гласа “за” и еден воздржан законот ги помина собраниските процедури и следува негово објавување во сл весник.
Со измените, пратениците нема да земаат 30% по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво, туку 20 проценти.
Со измените на законот, пратениците кои живеат на оддалеченост 100 километри од Собранието ќе можат да земат и стан под кирија, на трошок на државата.
За законот немаше дебата. Единствено, пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека повторно се злоупотребува европското знаменце, но кажа дека пратениците од опозицијата ќе ги поддржат измените.
Кристијан Ландов