А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Најнередовните пратеници први стигнаа во Собранието

by А1он05/07/2018 - 11:17166
Share0

На денешното гласање, кое е второ, на законот за ратификација на договорот со Грција први пристигнаа најнередовните пратеници, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Следете a1on на Instagram Instagram

Денеска се очекува пратениците по вторпат да го гласаат законот за ратификација на договорот со Грција, откако претседателот Иванов одби да го потпише указот и го врати во Собранието. Законот треба да биде изгласан со апсолутно мнозинство, а потоа тој повторно ќе биде доставен до претседателот на државата.

Иванов најави дека нема намера да го потпише указот за законот да се објави во „Службен весник“, а до Собранието тој достави и допис во кој образложи дека договорот со Грција според него е спротивен на Уставот и ја доведува Македонија во состојба на потчинетост и зависност од друга држава, како и дека во изборната кампања во 2014 ветил дека нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Законот за ратификација на договорот со Грција беше изгласан на 20 јуни со 69 гласа ЗА. Опозицијата не присуствуваше на седницата со образложение дека нема намера да учествува во донесувањето штетни и неуставни договори за државата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Галена Николовска – Ризвановиќ

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео