А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Најголем интерес за рефререндумот кај иселеницете во Швајцарија и Словенија

by А1он20/08/2018 - 12:25257
Share0

До Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.se​c.mk до денеска до 12 часот се пријавиле 1.459 граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство за претстојниот референдум. Најголем е интересот за гласање на македонските иселеници во Берн и во Љубљана.

Добивај вести на вибер

Од нив, како што соопшти денеска од ДИК, 1.431 пријави се прифатени, 27 се одбиени, а една пријава е во обработка.

Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 160, во Љубљана – 105, во Лондон – 93, и во Торонто – 88.​

Најмал број пријави поднесени се за гласање во Атина, Киев, Њу Делхи, Подгорица, Приштина и Тирана – по една пријава.

ОД ДИК информираат дека дополнително ќе излезат со информации за податоците од јавниот увид во избирачкиот список.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен