Универзитетската професорка Мирјана Најчевска реагира на последните случувања во државата, за сомнителниот тендер во Министерството за здравство, за државните грантови за фирмите на функционери на СДСМ, за повторното преклопување на законодавната од извршната власт.
-Ако веќе се се решава на лидерски средби, а Собранието само гласа, зошто ни е тогаш Собранието?
Ако веќе секоја кражба е според закон, зошто ни се тогаш законите? Ако веќе корупцијата ни е дел од системот, зошто ни е антикорупциска комисија? Тоа што ВМРО крадело не значи дека треба и СДСМ да краде и тоа што СДСМ краде не значи дека ВМРО не крадело. И тоа што политичарите во Македонија крадат не значи дека така треба и дека треба само со усул да крадат. Не, не смее да има лидерски средби. Не не смее градоначалник и министер да се богатат од позиција на власт. Не не смее фирма создадена вчера да добие тендер. Не не смее да се прилагодуваат законите според потребите на сегашните и поранешни функционери. И, ние граѓаните уште немаме држава туку живееме во нечиј вилает, напиша Најчевска.