А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Над 500 барања за користење бесплатен одмор, рокот до 31 октомври

by А1он17/10/2017 - 11:07139
Share0

Над 500 граѓани изразиле интерес за користење на владината мерка за бесплатен одмор за работници со ниски приходи.

Следете a1on на Instagram Instagram

Крајниот рок за пријавување на заинтересираните е продолжен до крајот на овој месец.

Бесплатниот одмор, според информациите од Министерството за економија, ќе може да се реализира во сите туристички центри во земјава, со оглед на тоа што се пријавени над 60 хотели за сместување на лицата кои ќе користат бесплатен одмор.

Според средствата што се обезбедени за оваа намена се проценува дека бесплатен одмор ќе може да користат 4.000 семејства.

Следете a1on на Youtube YouTube

Корисниците ќе добијат опотврда од Министерството за економија за користење средства за организиран одмор за работници со ниски приходи во износ од 15000 денари и таа ќе се користи во еден од категоризираните угостителски објекти за сместување во РМ кои се пријавени во Министесрството за економија.

Јавниот повик е објавен на 1 септември годинава. Право на учество имаат сите фисички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не ги надминуваат нето приходите од 22.000 денари.

Целта на овој проект е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.

besplaten odmor
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто